септември 22, 2024

Полицијата во Букурешт уапси 20-годишен маж поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело силување, соопшти денеска полицијата. Станува збор за инструктор по пливање од КС Динамо, клуб кој објави дека отпуштил вработен по инцидентот.

– Раководството на клубот соработува и ќе соработува со истражителите за да се реши овој случај што е можно побрзо, ставајќи ги на располагање снимките снимени од надзорните камери во просторот на базенот, соопштија од клубот.

Биткоинот над 50 илјади долари после цели 2 години | Следи рекорд од 100.000$?
Љубовникот отишол кај сопругот да го пријави злосторството врз неговата жена, соседите ги открија деталите за бизарниот случај
ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК: Почина неговата ќерка
Во Штип најдени дрога и пиштол
ПОЛИЦИЈАТА ГО ПРИВЕДЕ Инструктор по пливање силувал девојче (7)

На 13 февруари, мајката на девојчето го пријавила случајот во полициска станица и рекла дека нејзината седумгодишна малолетна ќерка била жртва на силување, а делото го извршил нејзиниот инструктор по пливање.

Полицијата соопшти дека делото е извршено во базенот на клубот.

Станува збор за Спортскиот клуб Динамо, а инструкторот по пливање има договор за спортски активности со клубот. Според информациите, седумгодишното девојче било во базенот со инструкторот, кога дваесетгодишниот маж го извршил делото, а надзорните камери го снимиле местото на настанот.

Девојчето отишло дома, па и’ раскажало на мајка си што се случило, а жената ја известила полицијата. Младиот човек не пружил отпор кога полицијата го привела, пренесува Либертатеа.

Приведен е на распит и му е одредена мерка притвор до 24 часа. Судот предложи тој да биде во притвор од 30 дена.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK