септември 22, 2024

Владата, односно владиното мнозинството, и граѓаните на Република Северна Македонија опстојуваат на европскиот пат и се посветени на определбите за остварување на предусловите коишто ќе ни го отворат патот и конечно да го заокружиме нашето патување кон полноправното членство во Европската унија.

Ова е пораката што претседателот на техничката Влада, Талат Џафери им ја пренесе на претставниците на институциите на ЕУ при денешните негови средби во Брисел.
– Во тој контекст е зацртано мојата прва посетата да биде на Европската Унија, за да се покаже и практично да се пренесе определбата и заложбата за исполнување на сите предуслови за да можеме да продолжиме кон европскиот пат, изјави Џафери за МИА по средбата со претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.
Претходно, денеска Џафери, придружуван од првиот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, во Европскиот парламент имаше средба со европратениците Илхан Ќучук, Тонино Пицула, Тинеке Стрик и Карло Реслер, а доцна попладнево ќе се сретне и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Во врска со денешното распишување на претседателските и парламентарните избори, Џафери истакна дека очекува Владата, граѓаните и политичките партии коишто ќе се решат да учествуваат во изборниот процес да направат дополнителни напори за да овозможат тој да тече мирно во рамки демократските вредности.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK