септември 22, 2024

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем може да биде суспендиран доколку Комитетот за натпреварување во Ла Лига оцени дека го навредил сонародникот Мејсон Гринвуд.

Станува збор за инцидентот од натпреварот помеѓу Хетафе и Реал Мадрид (0:2) кога со помош на читач на усни било утврдено дека Белингем го нарекол Гринвуд „силувач“.

Судијата не го виде тоа на теренот, но по интервенцијата на Хетафе, делегатот ја информираше Ла Лига.

Челниците на лигата целиот случај го префрлија на Комитетот за натпреварување.

Конечната одлука треба да биде донесена за неколку недели, а доколку биде прогласен за виновен, Белингем би можел да биде суспендиран на четири натпревари.

Инаку, Белингем е веќе е надвор од терените поради повреда на скочниот зглоб.

Се верува дека тој резултатски нема да може да му помогне на тимот во следните три недели.

The post Белингем се соочува со суспензија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK