септември 23, 2024

Томас Тухел ќе добие отказ во Баерн, прашање е само кога тоа ќе се случи, односно до кога клупските челници ќе имаат трпение за тренерот кој со Челси ја освои Лигата на шампионите.

Баерн не игра добро, атмосферата во соблекувалната е лоша и јасно е дека „најзаслужен“ за тоа е тренерот Рухел.

Откако во саботата, Баварците беа прегазени во Леверкузен, во дербито на колото во Бундеслигата, Баерн синоќа во Рим доживеа ново разочарување.

Баерн на „Олимпико“ против Лацио падна без „испукан куршум“. Играчите на Тухел не упатија ниту еден удар во рамките на противничкиот гол. Тоа им се немаше случено на претходните 251 натпревари.

Очекувано, по поразот претходната вечер од Лацио, новинарите го прашаа Тухел дали размислува за својата иднина, на што тренерот бесно одговори „не“.

Прашањето од микс-зоната се префрли и на прес-конференцијата бидејќи новинарите наместо „не“ бараа малку подетален одговор. На прашањето дали е вистинскиот тренер за овој тим на Баерн, Тухел уште повеќе се изнервира:

„Одговорив, би сакал да зборуваме за играта“.

По сето тоа, портпаролот на Баерн мораше да интервенира и да ја смири ситуацијата, бидејќи како што стојат работите Тухел сега е во „тотална војна“.

The post Тухел се карал со новинарите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK