септември 23, 2024

Манчестер jунајтед е подготвен да му понуди на Јувентус 70 милиони евра на крајот на сезоната за бразилскиот репрезентативец Глисон Бремер, пренесува британски „Сан“.

Во декември минатата година Бремер (26) го продолжи договорот со Јувентус до 30 јуни 2028. Британските медиуми пренесуваат дека скаутите на Манчестер јунајтед го следат бразилскиот фудбалер веќе неколку месеци.

Јувентус е подготвен да го продаде Бремер на крајот од сезоната. Бразилскиот стопер наводно има договор со челниците на Јувентус дека за соодветно обештетување може да се пресели во друг клуб, но надвор од Италија.

Бремер во Јувентус пристигна во 2022 година од Торино, а за „старата дама“ одигра 67 натпревари и постигна седум гола. За репрезентацијата на Бразил одигра три натпревари.

The post „Црвените ѓаволи“ заинтересирани за Бремер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK