септември 23, 2024

Да не беше трагично ќе беше смешно по директива на Христијан Мицкоски поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев му поднесе кривична пријава на поранешниот министер за внатрешни работи затоа што не издавал документи со „Република Северна Македонија“ на граѓаните.

Мицкоски и неговите најблиски соработници кои се претставуваа како последната брана за промена на името на државата денес го тужат министерот Спасовски затоа што не го променил името на државата во личните документи.

„ВМРО-ДПМНЕ денес поднесе кривична пријава против лицето Оливер Спасовски, кој како поранешен министер за внатрешни работи е лично и директно одговорен за хаосот со личните документи“, вели Игор Јанушев, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава:

Ова е кривичната пријава, која што само што беше поднесена во Јавното обвинителство.

Оливер Спасовски кој што кажував во својство на министер за внатрешни работи во период од околу 2 ипол години издавал лични документи кои што знаел и бил свесен дека нивната важност нема да биде во рок отколку што е ставен во документите туку истите ќе престанат да важат на 12.02.2024 година.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK