септември 23, 2024

Новиот технички министер за здравство Илир Демири истакна дека на државно ниво е прогласена епидемија и засега има регистрирано 34 заболени од пертусис (голема кашлица).

Тој вели дека невакцинираните деца треба прво да се вакцинираат и да се вратат во градинка.

„Прво треба да се вакцинираат, па после да се вратат. Мислам дека тоа беше еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести. Сите деца кои се вакцинирани треба да одат во градинка. Тие кои не се вакцинирани, треба да ги прашате нивните родители како ќе го организираат чувањето на детето“, одговори Демири.

Тој додава дека ја користа можноста да се обрати до сите, особено на родители кои имаат мали деца, најголемо достигнување во здравствениот систем е вакцинација.

„Затоа замолувам сите да пристапат кон вакцинација на своите деца“, вели Демири.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK