Грција стана првата земја со мнозинство православни христијани што ги легализираше истополовите бракови.
На истополовите парови сега ќе им биде дозволено да посвојуваат деца, беше одлучено по гласањето во четвртокот.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе стави крај на сериозната нееднаквост“.
Путин: Никогаш не сме направиле разлика меѓу Русите и Украинците
Рама: Посебна благодарност за посетата на Блинкен бидејќи се случува во турбулентни времиња
Но, законот ја подели земјата, со жестоко противење предводено од моќната Грчка православна црква.
На предлог-законот му беше потребно мнозинство за да помине 300-члениот парламент.
Околу нас конечно ќе бидат видливи луѓе кои беа невидливи, а со нив конечно ќе го најдат своето вистинско место многу деца – рече премиерот во парламентот за време на расправата пред гласањето.
– Реформата го прави животот подобар за неколку наши сограѓани, без да им одземе ништо од животот на многумина – додаде тој, пренесува Би-Би-Си.
По жестоката расправа во грчкиот парламент, 176 пратеници гласаа за, а 76 против.
Инаку, вечерва пред Синтагма се собраа две групи луѓе – верници кои се остро против законот со Грчката православна црква, како и ЛГБТ активисти кои со години се залагаат за негово донесување.
Следете не, не има насекаде