септември 23, 2024

Маж кој се обидел да ограби куќа во областа Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, бил убиен од момче (14), соопштија денеска локалните власти.

Пукањето се случило на улицата Браунсвил непосредно пред 7 часот по локално време, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Харис.

Шерифот Ед Гонзалес рече дека мажот тропнал на вратата и веројатно се обидел да упадне во домот, каде што бил застрелан, додавајќи дека момчето пукало од внатрешноста на домот.

Родителите не биле дома

Тинејџерот испукал пет или шест истрели, а неговите родители во тоа време не биле дома, бидејќи отишле да ги однесат братот и сестра му на училиште.

Човекот носел ракавици и имал ранец, соопштија властите, а пренесува Фокс Хјустон.

Локална група бездомници соопшти дека го препознале мажот и дека тој е бездомник од тој дел на градот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK