септември 23, 2024

Динамо Загреб победи со 1:0 на гостувањето кај Бетис во првиот натпревар од второто коло на Конференциската лига. Стрелец на победничкиот гол беше Бруно Петковиќ од пенал. Стоперот на Бетис, Чади Ријад играше со рака во сопствениот шеснаесетник, судијата Микола Балакин неколку минути го гледаше видеото и досуди пенал за Динамо.

Победата на Динамо на „Бенито Виљамарин“ во Севилја, ја коментираше поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски, кој го одигра целиот натпревар.

„Голема победа. Мило ми е што победивме и што покажавме карактер кога беше најтешко. На половина пат сме, мора да играме паметно уште 90 минути. Одигравме добро, изгледавме солидно, ги прекинавме контранападите.

Тие се многу добро „потковани“. Имавме многу прилики, а на крајот погодивме од пенал. Динамо веќе неколку години игра во Европа. Кај нас овие работи многу малку се ценат и забораваат. Драго ми е што покажавме што значи Динамо во хрватскиот фудбал. Ќе продолжиме да молчиме и да работиме“.

Реваншот во Загреб, Динамо и Бетис ќе го одиграат наредниот четврток.

The post Ристовски: Покажавме што значи Динамо во хрватскиот фудбал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK