септември 23, 2024

Русија е одговорна за ова. Ќе разговараме со многу други земји загрижени за Алексеј Навални, особено ако овие извештаи се покажата како вистинити“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен

По веста за смртта на Алексеј Навални, најжестокиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, не стивнуваат реакциите на западните лидери, кои повикуваат на одговори и одговорност од Кремљ за околностите во кои починал рускиот опозиционер. 

Америнанскиот државен секретар, Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/YURI GRIPAS / POOL

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, изјави дека извештаите за смртта на Навални укажуваат на слабоста и гнилежот во срцето на Русија на Владимир Путин.  

„Прво и основно, ако овие извештаи се точни, нашите срца се со неговата сопруга и неговото семејство. Надвор од тоа, неговата смрт во руски затвор и фиксацијата и стравот од еден човек само ја нагласуваат слабоста и гнилежот во срцето на системот што Путин го изгради. Русија е одговорна за ова. Ќе разговараме со многу други земји загрижени за Алексеј Навални, особено ако овие извештаи се покажата како вистинити“,

рече Блинкен, пренесува британски „Гардијан“.  

Во меѓувреме, министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Камерон, според британскиот весник, изјави дека рускиот претседател, Владимир Путин треба да одговара за смртта на Навални. 

„Навални храбро се бореше против корупцијата. Русија на Путин фабрикуваше обвиненија против него, го отру, го испрати во арктичка казнена колонија и сега тој трагично почина. Путин треба да одговара за она што се случи – никој не треба да се сомнева во страшната природа на неговиот режим“,

напиша Камерон на социјалната платформа „Икс“.  

Navalny fought bravely against corruption.

Putin’s Russia fabricated charges against him, poisoned him, sent him to an arctic penal colony & now he has tragically died.

Putin should be accountable for what has happened – no one should doubt the dreadful nature of his regime.

— David Cameron (@David_Cameron) February 16, 2024

Зборувајќи на Безбедносната конференција во Минхен, американската потпретседателка Камал Харис, исто така, рече дека ако се потврдта извештаите, тоа ќе биде дополнителен доказ за бруталноста на Путин.  

„Ова е секако страшна вест, на која работиме да ја потврдиме. Моите молитви се со неговото семејство, вклучувајќи ја и неговата сопруга Јулија, која е со нас денес. И ако се потврди, ова ќе биде дополнителен знак за бруталноста на Путин. Без оглед на приказната што ќе ја кажат, да бидеме јасни: Русија е одговорна и ќе имаме повеќе да кажеме за ова подоцна“,

рече Харис. 

Од друга страна, Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека САД треба да покажат воздржаност пред да ја обвинат Русија за смртта на Алексеј Навални, пренесува руската државна новинска агенција Тасс.  

Од Министерството велат дека САД треба да ги чекаат резултатите од форензичко-медицинската истрага.  

Канцеларијата на Федералната казнено-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненецка преку соопштение извести дека Навални се чувствувал лошо по прошетката и изгубил свест, по што неуспешно бил реанимиран, а причината за смртта се утврдува.

Тој отслужуваше 30-годишна затворска казна во тој руски регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK