септември 23, 2024

Најмал број на лични документи, на пасоши, биле направени во 2021 година, затоа што најмал број на луѓе побарале. Динамиката се зголемува во 2022 година и уште повеќе во 2023 година, рече поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Од 120.000 во 2021 година, имаме околу 560.000 патни исправи кои се направени во 23023 година“, рече Спасовски.

За поголема ефикасност, истакна Спасовски, придонеле новите базни станици и зголемување на нивниот број.

„Тоа се работи кои се направени во однос на набавките. Втора работа која што е клучна, а беше направена во изминатиот период, заедно со МНР, е за првпат од независноста на државата до денес, е овозможено во нашите дипломатско-конзуларни претставништва да бидат обезбеди базни станици, да бидат поврзани во системот и на тој начин нашите граѓани кои живеат во дијаспората да ги добиваат документите“, истакна Спасовски.

Спасовски вели дека не е точно оти пасош во државата треба да се добие во рок од 10 дена.

„Не е точно дека во рок од 10 дена треба да добиете, туку треба да добиете во рок од 15 дена. Додека бев министер, личните документи се издаваа во рок од 15 дена. Тоа е факт и тоа е проверлив податок. Обрасци имаше во секој момент. Ако немало, како тогаш биле издадени еден милиони и 300.000 пасоши или еден милион и 200.000 лични карти“, вели Спасовски

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK