септември 23, 2024

Сабота наутро најчесто не е вообичаено време за да се свикува седница на Совет на општина, но сепак Советот на општина Ѓорче Петров закажа седница за утре ден сабота рано наутро во 10 часот.

Како што дознаваме, една од точките, ако не и единствена е носење на Детален урбанистички план за парцела во строгиот центар на населбата Ѓорче Петров според кој е предвидено изградба на дваесеткатници.

Конкретниот ДУП не наидува на одобрување од жителите на населбата, па затоа локалната власт се сетила да го носи за време на викенд, без претходна јавна најава, далеку од очите на јавноста очекувајќи дека целиот процес ќе мине без никакви реакции.

Последиците од овој ДУП ќе бидат далекусежни, а 24инфо.мк ќе изнесе дополнителни детали за штетноста на овој план, во текот на утрешниот ден.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK