септември 23, 2024

„Усвоена е измената на статутот на Алијансата за Албанците, со која се укинуваат статутарните измени одобрени на третиот вонреден конгрес одржан на 24 декември 2022 година и се враќа прелиминарната верзија на статутот, усвоена на 27 март 2022 година на вториот партиски конгрес, со цел отстранување на дисфункционалностите во партиското одлучување. Една од непосредните импликации на овие промени е укинувањето на функцијата претседател на собранието и на овластувањата на телото однапред познато како тесно претседателство на партијата“, се наведува во соопштението на крилото на Таравари по вечерашниот конгрес

Делегатите кои вечерва присуствуваа на вонредниот конгрес на Алијанса за Албанците, што го свика актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари, за неполн час едногласно ја потврдија неговата кандитатура за претседател на државата и ги поништија одлуките што пред речиси една недела ги донесе партиското собрание на чело со Зијадин Села. 

Од вечершниот конгрес на Алијанса за Албанците што го свика лидерот на партијата, Арбен Таравари / Фото: Принтскрин

Покрај овие две одлуки делегатите усвоиле и измени и дополнувања на статутот на партијата, кои како што соопштија од Алијанса за Албанците, имаат импликации на функцијата на претседател на партиското собрание. 

За текот на конгресот и за донесените одлуки информираше портпаролот на партијата, Блерант Рамадани, кој во изјава за медиумите кажа дека од 739 делегати на републичко ниво на вечерашниот конгрес во Скопје биле присутни 421.  

„На овој вонреден конгрес имаше три главни точки – како прво усвојување на кандидатурата на претседателот на партијата Арбен Таравари, второ укинување на одлуките на собранието на партијата кое се одржа на 10 февруари 2024 година и на крај измени и дополнувања на статутот на партијата. Вреди да се спомене дека трите точки беа изгласани со 421 глас, освен првата точка која беше изгласана со 420 гласови, само еден беше воздржан“,

рече Рамадани. 

За донесените одлуки, од крилото на Таравари во Алијанса информираа и преку писмено соопштение, во кое се вели дека одлуките од „нелегитимниот состанок“ на партиското собрание одржано минатиот викенд се поништени поради бројни статурани прекршувања, манипулации и докажани фалсификати. Во врска со ова, од крилото на актуелниот претседател на партијата најавија дека ќе поднесат кривични пријави.   

Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села / Фото: Архива

Со измените, пак, на статутот на партијата се укинати одлуките од конгресот одржан кон крајот на декември 2022 година и повторно во сила се враќа верзијата усвоена неколку месеци претходно, односно на 27 март истата година.  

„Беше усвоена измената на Статутот на Алијансата за Албанците, со која се укинуваат статутарните измени одобрени на третиот вонреден конгрес одржан на 24 декември 2022 година и се враќа прелиминарната верзија на статутот, усвоена на 27 март 2022 година на вториот партиски конгрес, со цел отстранување на дисфункционалностите во партиското одлучување“,

се вели во соопштението. 

Една од непосредните импликации на овие промени, како што се наведува е укинување на функцијата претседател на собранието и на овластувањата на телото познато како тесно претседателство на партијата.  

Инаку, актуелен претседател на Централното собрание на Алијанса за Албанците е Зијадин Села, кој се разиде со партискиот лидер Таравари поради прашањето за настапот на претстојните избори.  

Портпаролот Рамадани, прашан за поделбите во Алијанса рече дека такво нешто нема, додавајќи оти може само да има луѓе со поинакво мислење.  

„Во партијата немаме поделба. Имаме мнозинство во собрание, имаме мнозинство во централното раководство, имаме мнозинство во конгресот. Не гледам поделба. Може да има луѓе кои што различно размислуваат, но партијата е отворена за сите членови“,

рече тој.  

Портпаролот на Алијанса за Албанците, Блерант Рамадани / Фото: Принскрин

На прашањето што мисли за конгресот, исто така вонреден, што за в недела го свика претседателот на Централното собрание и негов противник во внатрепартиската битка, Зијадин Села, лидерот на Алијанса, пред почетокот на вечерашниот состанок рече: „Ова е легитимниот конгрес“.  

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа кого посакува за противкандидат на претседателските избори од редовите на ДУИ, Таравари изјави дека би сакал тоа да биде лидерот на оваа партија, Али Ахмети.  

 „Јас би го посакал Али Ахмети, но ќе ги почитувам и другите кандидати кои имаат поддршка од своите партии“,

рече Таравари.  

Инаку, денеска од крилото на Таравари на прес-конфрененција обвинија дека Статутот на партијата бил прекршен во повеќе наврати за време на одржувањето на седницата на Централното собрание која актуелниот претседател на ова тело, Зијадин Села, ја свика и одржа минатиот викенд.   

Според она што беше соопштено на денешната прес-конференција, првиот прекршок на Статутот е направен со самото свикување на Централното собрание на 10 февруари. Дополнително, адвокатот на Алијанса за Албанците, Абидин Абдули, кој ги образложуваше направените прекршоци на партискиот статут за време на минатонеделната седница на Централното собрание, рече и дека биле фалсификувани потписи на дел од членовите на ова тело кога се потпишувала иницијативата за разрешување на Таравари. 

Како нелегитимен од крилото на Таравари го прогласија и вонредниот конгрес на партијата свикан за претстојниот викенд затоа што за негово свикување не гласале две третини од членовите во Централното собрание како што предвидува партискиот Статут.   

Ваквите тврдења, како невистинити и како обид за манипуалција веднаш ги отфрлија членовите на Алијанса за Албанците во Тетово, кои ги поддржуваат ставовите и актовностите на Зијадин Села.   

„Тие (приврзаниците на Таравари) денеска се обидоа да го оспорат законското право на дејствување на претседателот на Собранието, на пратениците и на сите членови и функционери избрани од легитимните партиски тела. Денеска бевме сведоци на уште еден апсурд од свој вид“,

наведоа претходно денеска во писмената реакција приврзаниците на Села, во која ја оспорија и легитимноста на вечерашниот конгрес кој го свика Таравари.  

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK