септември 23, 2024

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп подели низа комплименти за својот помлад колега Чаби Алонсо. Не е тајна дека челниците на Ливерпул сакаат Шпанецот е првиот избор на Ливерпул за наследник на Клоп.

„Чаби Алонсо прави неверојатна работа. А да ме прашавте за него пред осум недели, ќе ви кажев „о, боже, импресивно“. Отсекогаш сум ги истакнувал диносаурусите во оваа работа: Анчелоти, Мурињо, Гвардиола…но новата генерација доаѓа и е веќе тука, предводена од Чаби Алонсо“, започна Клоп.

„Поранешен фудбалер од светска класа, тој беше тренер на теренот и додека беше играч. Фудбалот што го форсира, начинот на кој го поставува својот тим, трансферите што ги направи, се е апсолутно неверојатно. Играв долго време во Бундеслигата, го познавам германскиот фудбал, се што прави е импресивно. Не само бројот на освоени бодови и постигнати голови, туку и начинот на кој се постигнуваат“, изјави Клоп.

The post Клоп импресиониран од Чаби Алонсо appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK