септември 23, 2024

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека суштинскиот дел од Преспанскиот договор е испочитуван од двете страни, а во делот на обврските за сообраќајните знаци од Грција информирале дека смениле еден знак.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека суштинскиот дел од Преспанскиот договор е испочитуван од двете страни, а во делот на обврските за сообраќајните знаци од Грција информирале дека смениле еден знак.
Во однос на можноста да биде кандидат за претседател на државата, Османи рече дека тоа „зависи од проценките каде е најкорисен“ и оти „остава тоа да се одлучи во структурите на партијата“.

„Мислам дека ако ДУИ има кандидат, тој е сериозен кандидат за да победи, но треба да се направат добри проценки за да се даде понуда која е согласно времето во кое живееме, предизвиците кои ги имаме и очекувањата на граѓаните. Тоа треба да се калкулира за да имаме понуда која не е за да се тестира, туку за да се победи“, рече Османи.

Во однос на тоа дали по непотпишувањето на указот за Законот за игри на среќа претседателот Стево Пендаровски нема да може да смета на поддршка од ДУИ во случај повторно да се кандидира, рече дека тие две работи не се поврзани и повтори дека е дискутабилно образложението дека непотпишувањето е заради европското знаменце.

Законот, како што рече, беше важен затоа што беше предизборно ветување на ДУИ на кое инсистираат заради оддалечувањето за 500 метри на обложувалниците од објектите каде гравитираат младите.

За него, т.н „Хашки случаи“ се затворени, а лидерот на ДУИ Али Ахмети нема да се соочи со неславен крај.

Прашан зошто толку долго не го објавувале во јавноста писмото на комесарката за човекови права во Советот на Европа, Мијатовиќ, која бара реактивирање на хашките случаи, рече дека тоа писмо го видел од медиумите и оти нема коментар, но оти таа тема се отвора пред секои избори.

„Јас од медиумите го видов тоа писмо, не сум го видел претходно. Тоа е апсолвирано прашање, бидејќи ниту имало процес во Хаг и тука е констатирано дека нема основи за процеси“, рече Османи, посочувајќи дека апсолутно смета дека хашките случаи се затворени.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK