септември 23, 2024

Грузискиот ММА борец Илија Топурија е новиот шампион во перо категорија (до 66 кг) во елитната промоција на УФЦ.

Топурија во неделата рано наутро во втората рунда го нокаутира Австралиецот Александар Волкановски и му го одзеде шампионскиот појас. Тоа беше главната борба на настанот UFC 298, кој се одржа во Хонда центарот во Анахајм.

Така Топурија го задржа статусот на непоразен борец, бидејќи забележа исто толку победи во 15 натпревари. Откако се приклучи на УФЦ, „Ел Матадор“ Топурија забележа седум победи, од кои 4 со технички нокаут.

Ilia Topuria has the kiss of death. pic.twitter.com/Z4znr7O4Jc

— Jack Krucial – The Combat Therapist武 (@CombatTherapist) February 18, 2024

Така заврши владеењето на Волкановски во категоријата до 66 килограми, кое траеше од 2019 година, кога Австралиецот со македонско потекло го победи Макс Холовеј и стана шампион. Во меѓувреме, Волкановски пет пати го бранеше појасот – двапати против Холовеј и еднаш против Брајан Ортега, Чан Сун Јунг и Хаир Родригез.

Се испостави дека кобната грешка Волкановски ја направи кога го прифати вториот меч против Ислам Махачев на само седум дена пред борбата.

Во октомври 2023 година, тој по втор пат се обиде да ја освои титулата во лесна категорија (до 70 килограми) против асот од Дагестан, но Махачев го спречи со атрактивен нокаут.

По поразот Волкановски рече дека ќе бара реванш против Топурија.

The post (Видео) Волкановски нокаутиран, остана без појасот во перо категорија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK