септември 23, 2024

Пожар избувнал денеска во напуштена куќа во Мичурин, на улица Симеон Каврахиров. Командантот на противпожарната бригада Звонко Томески  изјави дека пожарот е локализиран и дека во моментов пожарникарите ги расчитуваат остатоците.

– Интервенирано е со две возила и шест пожарникари, рече Томевски, кој вели дека засега не се познати причините за избувнување на пожарот.

Истовремено, пожарникарите денеска интервенираат во пожари над селата Моране и Булачани, каде, како што објаснува Томески, гори нискостеблеста шума. Испратена е по една екипа да ги гасне пожарите кои се на непристапен терен.

– Над село Булачани гори нискостеблеста шума и остатоци од сечени дрвја. Иако е тоа надлежност на Национални шуми нив таму ги нема, вели Томески

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK