септември 22, 2024

Првиот дел од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите заврши вечерва со натпреварите во Порто и Неапол. Порто стекна минимална предност пред реваншот протв Арсенал, додека првиот натпревар меѓу Наполи и Барселона заврши без победник.

На „Драгао“ во Порто, домашниот тим и Арсенал одиграа динамичен натпревар. Порто без респект му се спротивстави на Арсенал, и за таквата определба беше награден со спектакуларниот гол на Галено во 94.минита.

Галено од 25 метри неодбранливо пласираше во спротивниот агол на голот кој го бранеше Давид Раја.

На „Диего Армандо Марадона“ стадионот во Неапол, домаќинот успеа да остане непоразен во дуелот со Барселона.

Каталонците доминираа но од неколкуте одлични шанси во првиот дел не успеаја да постигнат гол. Тимот на Чави продолжи со нападите и во вториот дел и преку Левандовски во 60.минута постигна гол.

Барса ја шокираше Осимен во 75.минута.

Реваншите во Лондон и Барселона ќе се одиграат на 12. март.

The post (Видео) Галено со евро-гол му пресуди на Арсенал, Лева и Осимен за реми во Неапол appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK