септември 22, 2024

Вчера наутро во 08.30 часот во СВР Скопје, Ѓ.П.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар физички бил нападнат од едно лице.

Исто така вчера наутро во 08.50 часот во СВР Скопје, Т.Г.(51) од Скопје пријавила дека на 19.02.2024 околу 21.40 часот во училишен двор на подрачјето на Карпош, по претходна вербална расправија, нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од друг малолетник.

Понатаму, во 13.40 часот во СВР Скопје, Г.О.(48) од Скопје пријавил дека на 17.02.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син физички бил нападнат од едно лице.

Попладнето во 16.00 часот во СВР Скопје, Т.С.(48) пријавил дека во населбата Илинден-скопско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички бил нападнат од Н.П.(27), двајцата од населба Илинден, скопско.

Вчера во 23.20 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Л.(43) од Скопје.

Во 23.40 часот во СВР Скопје, Ј.К.(33) од Скопје пријавил дека пред казино на подрачјето на Гази Баба физички бил нападнат од неколку лица.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

За сите овие случаи од МВР соопштуваат дека се работи на нивно расчистување и против сторителите ќе биде покрената соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK