септември 22, 2024

„Не веруваме дека Русија се откажа од своите максималистички цели за потчинување на Украина“, изјавиле за „Гардијан“ западни претставници, кои сакале да останат анонимни, еден ден откако Путин му кажа на својот министер за одбрана да продолжи со нападите по успехот на Авдијевка

И покрај тоа што поминале две години од почетокот на војната во Украина, западните власти во нивната последна проценка на терен, тврдат дека рускиот претседател Владимир Путин не сака да се откаже од борбата, односно верува во победата на војската на неговата земја, пренесува „Гардијан“.

Фото: Принтскрин

Проценките говорат и дека рускиот претседател сега е значително поголем оптимист отколку пред една година, а е поттикнат, како што се вели во анализите, од неуспехот на САД да испратат дополнителна воена помош од 60 милијарди долари, но и поради заземањето на градот Авдијевка.

„Не веруваме дека Русија се откажа од своите максималистички цели за потчинување на Украина“,

изјавиле за „Гардијан“ западни претставници, кои сакале да останат анонимни, еден ден откако Путин му кажа на својот министер за одбрана да продолжи со нападите по успехот на Авдијевка.

Рускиот лидер му порача на Сергеј Шојгу да го надгради заземањето на Авдијевка, која беше заземена минатиот викенд по четиримесечна битка во која украинската армија остана без оружје, бидејќи не била доволно снабдена од нејзините западни сојузници.

Според една проценка, руската армија некои денови имала повеќе од 1 000 жртви дневно во Авдијевка и на други места долж линијата на фронтот, а експертската јавност проценува дека бројот на руските жртви е поблизок до бројката од 900 војници.

Сепак, официјалните лица додадоа дека се смета дека Путин нема јасна стратегија.

„Не веруваме дека Русија има значаен план освен да продолжи да се бори со очекување дека бројот на руската војска и опрема на крајот ќе покаже одреден резултат“,

велат тие.

Со минимално движење на бојното поле, Путин се надева дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе се врати во Белата куќа, кој повремено го пофалува актуелниот претседател на Русија и кој, според последните извештаи, би можел да ја стопира помошта за Украина, но и да ја принуди на мировни преговори.

Неодамнешното истражување спроведено низ Европската унија покажало дека едвај 10 отсто од Европејците веруваат дека Украина може да ја победи Русија. За веројатен исход од војната се смета да се најде некој облик на компромисно решение.

Според „Гардијан“, оваа промена на ставот, зашто во ова време минатата година преовладувало мислењето меѓу Европејците дека Украина мора да ја врати целата изгубена територија, ќе бара од политичарите да заземат пореален пристап, кој се фокусира на дефинирање на тоа што значи да има прифатлив мир.

„За да ја оправдаат континуираната европска поддршка за Украина, лидерите на ЕУ ќе треба да го променат начинот на кој зборуваат за војната“,

рече коавторот Марк Леонард од Европскиот совет за надворешни односи.

Повеќето Европејци сакаат да ја спречат руската победа, но не веруваат дека Киев воено може да победи, вели Леонард, посочувајќи дека континуираната помош за Украина може да доведе до одржлив мир.

Русија ја нападна Украина во раните утрински часови на 24 февруари 2022 година. Првичните обиди на Русија да го заземе Киев не успеаја, но по успесите на Украина да го потисне напаѓачот, линиите на фронтот останаа релативно статични до 2023 година.

Претходната проценка на американското разузнавање вели дека 315 000 руски војници биле убиени или ранети од почетокот на војната.

Западните разузнавачки агенции редовно не ги проценуваат украинските жртви, но минатото лето според една проценка оваа бројка се движела од 170 000 до 190 000, што значи дека вкупниот број од двете страни е над половина милион загинати.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK