септември 22, 2024

Тренерот на Порто, Серж Консеисао одговори на критиките на колегата од клупата на Арсенал, Микел Артета, по натпреварот помеѓу двата тима во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.

Со спектакуларниот гол на Галено во 94.минута Порто дојде до минимална предност пред реваншот во Лондон.

Тренерот на „топчиите“ му порача на својот колега дека единствена тактика му била со мали прекршоци да ја сече играта на неговиот тим.

Консеисао за зборовите на Артета дознал од новинар, па веднаш одговорил.

„Тоа се вика визија. Тие сакаа да играат, ние сакавме да победиме“, кратко и јасно изјави тренерот на португалскиот тим.

Консеисао потоа зборуваше за поседот на топката како фактор кој често не е одлучувачки за успех во играта.

„Тренерот на Арсенал доаѓа од систем, од школа, каде што се инсиситира на поседот на топката. На крајот на краиштата, тој беше помошник на Гвардиола и тој верува дека најдобриот начин да се игра и да се победи е да се задржи поседот долго време. Тоа, пак, зависи од тимот што го имате, од перформансите, но и од стратегијата. Односот од 40-60 во поседот на топка против нашиот противник не е скандал. За нас дека знаевме што да правиме со топката кога ја имаме и како да поделиме што повеќе директни додавања“, ја рече Консеисао.

Реваншот меѓу Арсенал и Порто, во Лондон ќе се одигра на 12 март.

The post Консеисао му одговори на Артета: Арсенал сакаше да игра, ние сакавме да победиме appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK