септември 22, 2024

Шест фудбалери на Форталеза завршија во болница поради повреди со кои се здобија при нападот на нивниот автобус на враќање од мечот со Спорт Ресифе.

Зад нападот стојат хулиганите на локалниот клуб кои неиспровоцирани го каменуваа автобусот со кој се рпевесуваше експедицијата на гостинската екипа.

На видеата кои се појавија по нападот може да се види искршено стакло од внатрешната страна на автобусот, но и крв на рацете и главите на некои играчи.

Повредени се фудбалерите Тити, Бритез, Жоао Рикардо, Саша, Дуду и Ескобар. Сите се префрлени во најблиската болница каде што добиле помош и ги санирале повредите.

Директорот на клубот Марсело Паз и претседателот Алекс Сантијаго беа цело време со повредените играчи, додека остатокот од тимот отиде во хотелот каде што беше сместен тимот во Ресифе.

„Ги удираа нашите играчи. Дуду крвари. Ова е апсурдно, ова не смее да му се случи на бразилскиот фудбал. Бесни сме”, напиша директорот на Форталеза.

Фудбалерот на Форталеза, Јаго објави фотографија од скршениот автобус.

„Кукавици! Пет играчи завршија во болница“, напиша тој покрај фотографијата.

Набргу по инцидентот, претседателот на Спорт Ресифе, Јури Ромао ги посети повредените фудбалери во болница за да им обезбеди се што им треба.

The post (Видео) Каменуван автобусот на Форталеза, повредени шестмина фудбалери appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK