септември 21, 2024

Амал Клуни секогаш привлекува внимание со својот моден избор – без разлика дали позира на свечен црвен тепих во гламурозна вечерна креација или е фотографирана додека ги извршува секојдневните обврски во лежерно издание.

 

Секој пат кога славната двојка се појавува заедно во јавност, тие привлекуваат големо внимание кај локалното население.

Адвокатката за човекови права привлече внимание при прошетка во Брињолес во лежерна комбинација составена од парчиња кои повеќето жени ги имаат во гардеробата – искомбинирала кожна јакна, црна маица, фармерки и рамни чевли.

Во нејзината комбинација особено доминираа  фармерките со трапезни ногавици со потпис на модната куќа Клои, како и црни чевли со тока. Станува збор за чевли од моделот Odette Stella McCartney.

Црниот модел на чевли Odette од вештачка кожа го има во својот гардеробер од 2015 година. Во август истата година, таа беше фотографирана како излегува од својот дом во Лондон во здолниште и елек со асиметричен крој од британскиот дизајнер, кој го спои со гореспоменатите чевли.

The post Амал Клуни фотографирана со рамни чевли кои кралицата на потпетиците ги носи од 2015 година appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK