септември 21, 2024

Фудбалерите на Динамо Загреб се пласираа во осминафиналето, во Конференциската лига. Во реваншот во Загреб, Динамо одиграа 1:1 со Бетис и со вкупни 2:1 го елиминира шпанскиот тим.

Бетис поведе преку Седрик Бакамбу. Камерунецот во 38.минута ја искористи асистенцијата на Руибал и со петица го совлада голманот на Динамо. Претходно капитенот на Динамо, Бруно Петковиќ ја погоди стативата.

Динамо на сличен начин го израмни резултатот, Хоџа го пронајде Јапонецот Канеко, кој на голема радост на домашните навивачи го победи Силва.

Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Динамо.

The post (Видео) Динамо го елиминираше Бетис од Конференциската лига appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK