ноември 11, 2024

Пратеникот Антонијо Милошоски е ослободен и од делото „измама“ во случајот „Моќник“, откако Обвинителство во фаза на завршни зборови направи преквалификација на делата за преостанатите тројца обвинети за случајот „Моќник“, по што Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради настаната апсолутна застареност на кривично гонење.

Со тоа ослободени од обвинение се и таткото Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, за кои исто така судењето продолжи за кривичното дело „измама“.

Со измените на Кривичниот законик на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ во октомври лани му му застаре едното дело за случајот “Моќник” за злоупотреба на положба, но продолжи да му се суди за измама.

„Моќник“ е случај што го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство. Прво и второобвинети во случајот се Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, а третообвинет е пратеникот Антонио Милошоски.
Според Обвинителството, прво и второобвинетиот се товарат дека сториле „измама”, третообвинетиот дека сторил „измама” и „злоупотреба на службената положба и овластување”.
„Согласно направените измени од страна на Јавниот обвинител и тоа во фаза
на завршни зборови, судот, по сила на Законот односно чл. 402 т.6 од
ЗКП, донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради
настаната АПСОЛУТНА ЗАСТАРЕНОСТ на кривичното гонење согласно чл. 107
ст.1 т. 4 вв со чл. 108 ст.6 од КЗ.
Трошоците на постапката паѓаат на товар на Буџетот на РСМ.
Со почит Основен кривичен суд Скопје“, објави Кривичниот суд.

Тројцата се товареа дека ги навеле советниците на Македонски Брод да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK