септември 21, 2024

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на мир и правда на состанокот на Советот за безбедност на ОН по повод втората годишнина од руската инвазија на Украина.

Гутереш рече дека руската агресија врз Украина директно ги прекршува Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право, пренесува Си-Ен-Ен, пренесува Танјуг.

„Крајно време е за мир, праведен мир заснован на Повелбата на Обединетите нации, меѓународното право и резолуциите на Генералното собрание“, посочи Гутереш.

Генералниот секретар додаде дека војната во Украина „останува отворена рана во срцето на Европа“, две години од почетокот на војната и 10 од руската анексија на Крим.

Гутереш рече дека „сите сторители мора да одговараат“ за извештаите за тортура и сексуално насилство врз цивили и затвореници. Тој истакна дека речиси четири милиони Украинци се внатрешно раселени и дека е потребна хуманитарна помош за повеќе од 14,5 милиони луѓе во земјата. Тој, исто така, предупреди на ширење на конфликтот и „поттикнување регионална нестабилност“.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK