септември 21, 2024

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните сојузници да достават воена помош до неговата земја навреме и ја нагласи потребата да се заштити небото на Украина и да се зајакне нејзината армија

Групата седум водечки индустриски најразвиени земји во светот (Г7) ветија континуирана непоколеблива поддршка за Украина додека руската инвазија на земјата влегува во третата година.

Во соопштението објавено по видео-конференцијата во која учествуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, Г7, исто така, ја повика Москва „целосно и безусловно да ги повлече своите воени сили од меѓународно признатата територија на Украина“.

„Додека Украина влегува во третата година од оваа безмилосна војна, може да смета на поддршката од Г7. Ја засилуваме нашата безбедносна помош за Украина и го зголемуваме нашиот капацитет за производство и испорака за да и помогнеме на таа земја. Нејзината влада и нејзиниот народ можат да сметаат на поддршката на Г7 онолку долго колку што е потребно“,

рекоа лидерите на Г7.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните сојузници да достават воена помош до неговата земја навреме и ја нагласи потребата да се заштити небото на Украина и да се зајакне нејзината армија.

„Вие многу добро знаете што ни треба за да го заштитиме нашето небо, да ја зајакнеме нашата копнена армија, што ни треба за да ги одржиме и продолжиме нашите успеси на море и добро знаете дека тоа ни треба на време и сметаме на вас“,

рече Зеленски.

Лидерите на Г7 му оддадоа почит и на Алексеј Навални, покојниот руски опозициски лидер кој почина во затвор минатата недела.

„Тој го жртвуваше својот живот борејќи се против корупцијата од Кремљ и за слободни и фер избори во Русија“,

се вели во соопштението.

Лидерите го повикаа Кремљ да ги ослободи сите неправедно притворени затвореници и да престане со прогонот на политичката опозиција и систематската репресија на правата и слободите на Русите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK