декември 26, 2024

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 225 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. 

„Во периодот од 19.02. до 25.02.2024 година, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 113 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 112 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, информираат надлежните во писменото соопштение испратено до медиумите.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK