декември 29, 2024

Поради тоа што сме во изборна година на претседателски избори во април-мај оваа година, дополнителна задача е Владата да ги организира и да се подготват предусловите изборите да бидат слободни, фер и демократски. Уставот на Република Северна Македонија не го признава техничкиот термин „привремен“, а инаку Уставот ја признава Владата на Република Северна Македонија со сите овластувања што ги има.

Ова, како што информира владината прес-служба, го истакнал техничкиот премиер Талат Џафери во денешното интервју за „Report Tv“ во Тирана, каде од денеска е во работна посета, а говорел и за актуелните прашања во регионот и во светот.

На прашањето за чувството како прв премиер Албанец во Владата на Република Северна Македонија, Џафери, како што стои во владиното соопштение, го истакнал чувството на одговорност кон државата.

– Јас сум првиот претседател на Собранието, а моментално прв претседател на Владата на Република Северна Македонија, со тоа што и претходно сум го истакнал чувството на одговорност за предизвиците што произлегуваат од обврските и задачите што премиерот ги има со раководењето на државата, рекол техничкиот премиер Џафери.

Во интервјуто, Џафери бил прашан и за тоа кога ќе дојде времето за претседател на државата, при што, тој изразил очекување дека ќе се случи промена на перцепцијата околу етничката припадност, давајќи значење на презентирањето на граѓаните и на земјата воопшто.

Џафери во интервјуто се осврнал и на повеќе актуелни прашања за Република Северна Македонија, меѓу кои на значењето на Планот за раст за Западен Балкан на Европската комисија.

– Утрешниот самит е продолжение на претходниот самит во Скопје, еден месец пред тоа, така што е продолжување на работата што треба да ја завршиме како претставници на земјите од Западен Балкан, во однос на усогласувањето на вредностите и предусловите за членство во ЕУ. И во секој случај за тоа ќе се дебатира и на теми поврзани со заедничкиот европски пазар, заедничкиот регионален пазар и слични економски теми, од областа на трговијата, изјавил техничкиот премиер Џафери.

Тој оценил дека тоа што прв пат во регионот се одржува Самит за Украина е потврда за улогата на меѓународната дипломатија на Република Албанија. Во таа насока, Џафери посочил и на значењето на изјавата што тој и украинскиот претседател Володимир Зеленски, ќе ја потпишат во името на Република Северна Македонија и Украина.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK