Сопругата на принцот од Велс, Кејт Мидлотон, имаше операција на абдоменот на 16 јануари, а се очекува да се врати на должност по Велигден.
За нејзиното здравје се раширија голем број теории на социјалните мрежи.
Превезот на мистеријата ја следи и приказната за битката на кралот Чарлс со ракот. На 5-ти февруари, Бакингемската палата издаде соопштение дека монархот боледува од рак, без да прецизира за кој тип на рак се работи. Познато е дека тој имал операција за бенигно зголемување на простатата, неколку дена по операцијата на Кејт, во истата болница.
И додека одлуката на Вилијам да отсуствува од вчерашниот настан ги загрижува британските експерти, вака мрежите го коментираат случајот на Кејт Мидлтон:
– Темелно уживам во сите теории на заговор на Кејт Мидлтон. Не ми е грижа за кралското семејство, но приказната за нејзиното закрепнување откако му донирала бубрег на Чарлс во замена еден ден да стане кралица навистина ме насмеа.
За потсетување, Кејт еден ден дефинитивно ќе стане кралица бидејќи е во брак со првиот во редот за британската круна.
Меѓу теориите на заговор се оние дека „тајно родила бебе со портокалова коса и се заклучила во бањата“
Некои пишуваат дека Кејт правела естетски зафат на задникот и нејзиното закрепнување ќе трае три месеци.
„Кејт е под програма за заштита“.
Постои и „теорија“ дека Кејт била исфрлена од семејството и дека патува низ Британија продавајќи ја косата за да преживее.
На официјалната страница на Инстаграм на принцезата и принцот од Велс може да се прочитаат различни коментари каде се вели дека „Кејт имала одредена козметичка процедура, а морала да одмора долго бидејќи е позната како најмрзеливата на дворот“.
Има и коментари дека не е во ред палатата да крие детали за здравјето на принцезата, бидејќи тоа само го зголемува бројот на „теории“.
The post Се шират теории на заговор за здравјето на Кејт Мидлтон: „Му дала бубрег на Чарлс“, „Родила црвенокосо бебе“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде