декември 29, 2024

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао на претставувањето на својата автобиографија изјави дека не може да го напушти клубот бидејќи сите биле со него во најтешките моменти и додаде дека неговата иднина е на „Сан Сиро“.

Португалецот ја објави својата прва книга „Насмевка: Мојот живот помеѓу фудбалот, музиката и модата“.

На промоцијата тој зборуваше за темите на книгата и откри дека целото семејство ја поддржува Бенфика, но дека португалскиот клуб не му понудил договор кога бил тинејџер.

„Не можев да го напуштам Милан, тие секогаш беа тука за мене, дури и во најтешките моменти од мојот живот“, изјави Леао, кој неодамна го продолжи договорот со Милан.

Тој дојде во клубот во 2019 година од Лил.

„Го избрав дресот со број 10 затоа што го носеше Алесандро Дел Пјеро, но и многу други играчи кои ми се идоли. Бројот 10 е различен, тој е за играчи кои носат нешто различно на теренот. Сакав да го носам бидејќи тоа беше важна бројка во историјата на Милан и чувствувам дека и јас сум важен играч“, изјави Португалецот.

На новинарско прашање каде ја гледа својата иднина по многуте гласини дека за него се заинтересирани Пари Сен Жермен, Челзи, Њукасл и Арсенал, Леао кратко одговори: „Во Милано“.

Леао за Милан одигра 151 натпревар и постигна 41 гол.

Милан е трет во Серија А со 53 бода и се наоѓа во осминафиналето од Лига Европа каде за противник ќе ја има Славија Прага, а Португалецот досега постигна осум гола и забележа седум асистенции во сите натпреварувања.

The post Леао: Мојата иднина е во Милан appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK