декември 28, 2024

Поради неодамнешните измени на Кривичниот законик застаре и случајот ,,Тендери” на СЈО, во кој една од обвинетите беше екс министерката за култура Елизабета Канческа -Милевска. По пет години судење, минатата година Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда, а кога случајот стигна на Апелација беше утврдена застареност. Овој случај почнуваше од почеток дури шест пати, или низ години, истрагата беше отворена во 2016 година, судењето стартуваше на почетокот на 2018 година, а во 2023 година беше донесена првостепена пресуда. Екс министерката се гонеше за наместен тендер со „Бетон Штип“, кој вредел милион евра. Спорно според обвинителството, е тоа што било договорено фирмата да почне да работи, а тендерот да се објави подоцна. Поради законските измени на КЗ застаре и кривичниот прогон на Канческа- Милеска за предметот ,,Скопје 2014″, во делот кој се однесуваше на спомениците. Канчевска – Милевска беше еден од осумтемина пратеници на тогашната гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ кои дадоа поддршка за промена на Уставот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK