Пуштен во употреба пред речиси пет години Паркот Ибни Пајко, денес повеќе функционира како див паркинг отколку како парк.
Десетици возила узурпираат пешачки патеки и зелени површини, луѓето тешко се движат а уште потешко можат да се рекреираат или да одморат на некоја од клупите.
За луѓето кои работат во околината, ова е секојдневние, велат дека интервенциите на пајак службата последниве две години не се бројат ниту на прстите од една рака, а според нив би требало секојдневно да интервенираат.
Други пак велат дека сето ова се должи на ниската сообраќајна но и општа култура на граѓаните.
Следете не, не има насекаде