декември 28, 2024

Заклучно со вчеравечер, Билјана Ванковска собрала 9 085 потписи, што значи дека ѝ недостасуваат околу 900 за официјализирање на претседателската кандудатура. До вчера до 20 часот за Јакимовски се потпишале 7 994 граѓани, иако тој синоќа во објава на Фејсбук соопшти дека добил 8 048 потписи и дека му недостасуваат помалку од 2 000 до целта

Претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска-Цветковска, е на чекор да обезбеди 10 илјади граѓански потписи неопходни за влез во трката за шеф на државата. Ова го покажува последниот пресек на Државната изборна комисија (ДИК), според кој, заклучно со вчеравечер, Ванковска собрала 9 085 потписи, што значи дека ѝ недостасуваат околу 900 за официјализирање на претседателската кандудатура.

Билјана Ванковска-Цветковска, кандидатка за претседател на државата на Левица

До потребниот број на потписи е и кандидатот на Граѓанската организација за Македонија (ГРОМ), Стевчо Јакимовски, кој инаку е актуелен претседател на овој политички субјект и градоначалник на Општина Карпош.

Состојба на број на собрани потписи за кандидати за претседател на државата заклучно со 28 февруари до 20 часот / Извор: ДИК

Според извештајот на ДИК, заклучно со вчера до 20 часот за Јакимовски се потпишале 7 994 граѓани.

Тој, пак, синоќа на Фејсбук објави дека собрал 8 048 потписи и дека му недостасуваат помалку од 2 000 до целта.

Стевчо Јакимовски, кандидат за претседател на Граѓанската организација за Македонија (ГРОМ)

Доколку успеат да ги добијат потребните потписи, Ванковска и Јакимовски ќе им се придружат на кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, на Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ и на Максим Димитриевски од Движењето За наша Македонија (ЗНАМ) кои успеаја да соберат 10 илјади потписи и да си обезбедат место во претседателската трка.

Состојбата според бројот на собрани потписи до вчеравечер кај останатите кандидати е следна – Вело Марковски собрал 1 087 потписи, Мерсиха Смаиловиќ 977 потписи, кандидатот Ѓорѓи Манасков 323 потписи, Зорица Цветковска 105 потписи. Ниеден граѓанин не се потпишал за Томе Николовски, а кандидатот Господин Попоски досега има добиено 63 граѓански потписи за претседателската кандидатура.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK