ноември 24, 2024

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, за МИА изјави дека го поддржува барањето на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ за поставување биста на Гоце Делчев во центарот на Пустец.

Според Колефски, локалната власт заедно со Советот на општината активно се вклучуваат во организацијата на овој настан.

– Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство, изјави градоначалникот Колефски.

Додава дека се преземаат сите потребни законски мерки со цел поставувањето на бистата да биде изведено според потребната процедура и временска рамка.

Поставувањето на бистата ќе биде на свеченост што ќе се организира на 4 мај 2024 година, по повод 121- годишнина од убиството на Гоце Делчев.

-Советот на општина Пустец, веќе даде едногласна поддршка на иницијатвата и барањето на МАЕИ, за поставување на бистата. Иницијативата е ставена на јавна расправа и очекувам на крајот на идниот месец советниците да донесат одлука, посочува тој.

Автор на бистата е Зоран Тошевски а е донација од МАЕИ.

Во 2008 година Советот на општина Пустец донесе едногласна одлука, со која плоштадот во Пустец го доби името „Гоце Делчев“ а поставувањето на оваа биста, според иницијаторот, ќе биде важен додаток на заедницата и ќе придонесе за зачувување на македонското културно наследство и идентитет во регионот.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK