ноември 23, 2024

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски остварија работна средба со раководствата на СВР Тетово и ОВР Гостивар, во рамки на серијата посети периодов низ Секторите за внатрешни работи.

„Минатата недела започнавме со серијата посети на секторите за внатрешни работи, стартувајќи со СВР Куманово. Денеска сме во работна посета на СВР Тетово да се запознаеме со безбедносната состојба на ова подрачје. Притоа, од страна на раководството бев информиран за поволната безбедносна состојба, како и за резултатите по акциите насочени кон сузбивање на повеќе форми на криминал”, рече Бојмацалиев.
Притоа, тој сподели статистика за резултатите на оваа организациона единица.

„Во однос на криминалитетот во наведениот временски период извршени се вкупно 301 кривично дело на подрачјето на ПС Тетово извршени се 194 кривични дела, додека на подрачје на ПС Гостивар извршени се 107 кривични дела. За сторените дела поднесени се вкупно 174 кривични пријави. Откривачката функција на извршените кривични дела на ниво на СВР Тетово постигната е севкупна eфикасност од 31%. Во областа на недозволена трговија со дрога во текот на овие два месеци од 2024 година откриени се вкупно 16 кривични дела. Вредно за одбележување овој период на подрачјето на СВР Тетово (ПС Тетово и ОВР Гостивар) спроведените девет акциски контроли, со цел откривање на странски државјанки кои нелегално престојуваат и работаат во угостителски објекти на нашето подрачје како танчерки и пеачки, во 21 угостителски објект, при што затекнати биле вкупно 27 женски лица”, рече Бојмацалиев.

Притоа, тој упати порака да се работи исклучиво по закон и на страна на граѓаните, без подлегнување на притисоци или уцени.

„Ние сме тука да служиме на граѓаните професионално, да гарантираме безбедност за време на изборниот процес за да секој граѓанин може да го оствари своето право на глас”, подвлече Бојмацалиев.

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ

Извор

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK