Интернет прелистувачите (Browsers) генерално сакаат да бидат „главни“ на секој компјутер, па затоа бараат да бидат стандардна опција, а патем нудат и опција за увоз на податоци од конкурентни програми.
Работата е, сепак, малку почудна кога станува збор за Microsoft Edge – тоа е прелистувач кој без знаење и дозвола на корисникот увезувал податоци од други прелистувачи како што е, на пример, Google Chrome.
„Со ваша согласност, Microsoft Edge редовно ќе презема податоци од други прелистувачи на вашиот Windows. Ова ги вклучува вашите омилени, историја, колачиња, автоматско пополнување и друго“, наведува Edge.
Некои корисници, забележаа дека по неодамнешното ажурирање на Windows, Edge копирал сè без нивна дозвола.
Се чини дека ова беше грешка и во верзијата Edge 121.0.2277.128, повторно се бара дозвола за преземање податоци.
The post Edge престана „да краде“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде