ноември 21, 2024

Конфернцијата „Школата за пропаганда“ ќе се одржи на 2 март со почеток од 12 часот во просториите на МСУ.

Школата за пропаганда ја анализира антиквизациската пропаганда претставена во проектот “Скопје 2014”, вклучувајќи ја и нејзината релација со Скопје како Европска престолнина на културата во 2028 година, во рамките на изложбата „Станица Пропаганда“ на Јонас Стал.

Школата за пропаганда во Скопје се залага за деконструкција на комплексноста на антиквизациската пропаганда во проектот „Скопје 2014“. Програмата за интервенционистички придонес преку различни аспекти е сигурно важен чекор кон размислување за иднината на градот. Клучните прашања кои ќе се  постават, како и фокусот на размислувањето за противодејствие и еманципаторски визии, се многу важни за развојот на Скопје како град на култура и идентитет.

Би било интересно да се види како ќе се развие дискусијата по изложбата на Јонас Стал.

Клучните прашања кои ќе бидат предмет на дискусија се:

Како изградената и поставената инфраструктура на антиквизациската пропаганда „Скопје 2014“ да се претвори во агент на (контра)пропаганда?

Како да се подготвиме Скопје 2028 да не стане повторување или натамошно спроведување на антиквизациската пропаганда? Како програмата на престолнина на културата повторно да пропагира еманципаторски визии за иднината на Скопје?

Школата е во рамките на изложбата „Станица Пропаганда“ на холандскиот уметник Јонас Стал, која ќе се отвори ден претходно, на 1 март, во МСУ, со почеток во 20:00 часот, а главни носители на концептот се на Филип Јовановски, Јонас Стал и Ивана Васева.

Конфернцијата ќе биде поделена во две панел дискусии, а на самиот почеток ќе се обратат Ивана Васева, куратор, Тихомир Топузовски, в.д. директор на МСУ и Јонас Стал, уметник.

Во првиот дел на тема: „Антиквизациска пропаганда, обид за дефиниција“ ќе се обратат: Катерина Колозова, професорка по филозофија и културна теорија, Бојан Иванов, историчар на уметност, Ана Петрушева, директорка на БИРН Македонија и д-р Горан Јанев, редовен професор на Институт за Социолошки и политичко-правни истражувања.

Во вториот дел на тема: Пропагирање на Скопје 2028: Што сакаме градот да биде? ќе има отворена дискусија со публика а учесници во втората сесија се: Никола Наумоски, граѓански активист; Никола Гелевски, главен уредник на книгоиздавателството „Темплум“ и на веб страницата окно.мк, писател; Биљана Тануровска–Ќулавковски, културна работничка, кураторка и истражувачка, програмска директорка на здружението ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи за уметност и култура и Марјан Забрчанец, консултант за односи со јавност и поранешен национален координатор за комуникации на Владата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK