ноември 22, 2024

Ханси Флик, поранешниот тренер на Баерн и селектор на Германија, според медиумите е најблиску до трнерската позиција на Барселона. Кталонците се во потрага по нов тренер откако Чави Ернандез објави дека ќе замине на крајот од сезоната.

Како што пренесуваат дел од шпанските медиуми, Флик имал позитивна серија разговори со челниците на Барселона.

Според многумина, тој е првиот кандидат за наследник на Чави Ернандез. Шпанскиот новинар Адријан Санчез известува дека Флик е силен кандидат „бидејќи не изразил сомнеж во силата на тимот“.

Флик е без работа од септември, откако мораше да го напушти кормилото на германската репрезентација по поразот на пријателскиот натпревар со Јапонија (4:1).

Како можни кандидати за преземање на кормилото на тимот од „Камп Ноу“ се споменуваат Роберто де Зерби, Жозе Мурињо и Томас Тухел.

The post Флик разговарал со челниците на Барселона appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK