ноември 22, 2024

Имаме далеку подобри услови за непречено функционирање во зграда и безбедна средина, а го надминавме и двојното плаќање на сметки, информираше денеска шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази.

На брифинг со новинари, Абази информираше дека зградата со новите простории на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) кои се наоѓаат на на улица „Григор Прличев“ број 1 (поранешен Државен архив) се протега на над над 1 000 метри квадратни со деловни површина од над 300 м2.

Тој кажа дека новата зграда во која се преселија е доделена со одлука на Влада уште во 2012, а во 2016 почнале градежни работи на реконструкција.

– Дел од мебелот е обезбеден преку ИПА и дел мебел што сме го користеле, а доста дел земавме и од поранешното Специјално јавно обвинителство, посочи тој.

Во зградата, меѓу другото, како што информираше, има форензичка лабораторија и една просторија за деца жртви и заштитени сведоци, изградени со помош на проект од Европската Унија.

Просториите на ОЈО ГОКК претходно се наоѓаа во зградата на Апелациониот суд во Скопје.

На брифингот обвинителот Абази дополни дека склучиле неколку меморандуми за соработка, како што се со Агенција за катастар, Агенција за вработување, Централен Регистар на Република Северна Македонија, а имаат и договор за соработка со Народна Банка и е отворена постапка за активирање на „хост систем“ што го користи и Министерството за внатрешни работи.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK