ноември 22, 2024

Техничкиот премиер Талат Џафери придружуван од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, изврши увид на работите на Коридорот 8 и делницата од Гостивар до Кичево. Од локацијата во Горна Бањица тој рече дека станува збор за мегапроект кој се реализира во последните 30 години и чие завршување се очекува во 2027 година.
Проектот опфаќа делницата Тетово – Гостивар, Кичево – Требеништа – Ќафасан, од другата страна во Албанија веќе се работи делницата од Елбасан до граница, така што проектот е од Коридорот 8 којшто е врска меѓу Јадранот и Црното Море. Тоа укажува дека овој коридор е од особено значење. Паралелно со ова оди делницата на Коридорот 10, Градско – Прилеп – Битола, така што државата добива инфраструктура со квалитет каква што би требала да биде сообраќајна инфраструктура. Им честитам на сите, успешна работа и да дочекаме сите заедно во 2027 година да бидеме присутни на пуштањето на проектот“, рече Џафери.
Тој ирази оптимизам во реализација на проектот, бидејќи како што кажа, изведувачот на работите не е непознат со оглед дека веќе имаат реализирани вакви проекти и што според него е потврда дека навремено и квалитетно ќе ги завршат работите. Техничкиот премиер посочи дека државата ќе обезбеди сите предуслови за непречена работа.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по увидот на работите напомена дека е задоволен од реализацијата изградбата на Коридорите 8 и 10д, за кои кажа дека е најголем капитален проект од независноста на земјава.

„Државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во делот на инфраструктурата со инвестиција од преку две милијарди евра од изградбата на патната и железничката инфраструктура. Ова е многу значајно за државата, бидејќи денес се пробиваат и најтешките траси и на патната и на железничката инфраструктура на Коридорот 8 и на Коридорот 10д“, рече Бочварски.

Тој напомена дека веќе се усвоени урбанистички проекти за делницата Тетово – Гостивар и се работи на експропријација на имот за на новиот автопат. Првиот човек на министерството за транспорт и врски посочи дека на седница на Влада е одобрен и дел од трасата од Гостивар кон Букојчане и дел од трасата на делницата 4 на автопатот Прилеп – Битола, дел од Коридорот 10д.

Според директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми, новиот модел на изградба на автопатиштата во Македонија дава подобри резултати и овозможува засилено темпо на работа.

„Во овој момент паралелно се извршува експропријација, се проектира, се врши геомеханички испитувања и имаме и градежни работи. Овој е новиот модел на градба на автопатиштата каде што со овој нов модел ќе градиме по 23 километри автопатишта годишно, не со стариот модел што беше досега што градевме по 5,3 километри автопатишта“, појасни Рустеми.

На прашањето за барањата на жителите од селата Долна и Горна Бањица да се гради камп за градежните работници на просторот на старите воени магацини и најавите дека ќе ја блокираат работата на терен, техничкиот премиер Џафери напомена дека за денес закажал средба, бидејќи како што нагласи, тоа е обврска за да разговараме и да се задоволат нивните барањата на сите страни.

Одговорниот директор на проектот во конзорциумот Бехтел и Енка, Џошуа Бејкер напомна дека во моментов се вработени околу 400 лица од кои половината се локални жители, а 11 проценти се жени.
Во моментов почна ископ и транспорт на материјал кој ќе се користи за автопатот Гостивар-Тетово и активни се 300 машини. Склучивме 350 договори за подизведувачи од кои 70 проценти се од Македонија“, рече Бејкер.

Посетата на Гостивар, техничкиот премиер ја продолжи со средби во општата болница и увид на работите на патот помеѓу селата Дебреше и Здуње.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK