ноември 22, 2024

Претседателот Стево Пендаровски денеска најавувајќи ја својата граѓанска кандидатура за шеф на државата објасни зошто смета дека е подобро тој да биде избран на општи избори а не во Собрание.

-“Далеку е подобро да имате претседател кој е назависен во однос на политичките субјекти па и во однос на економските центри на моќ, кога сте бирани на општи избори отколку кога сте бирани во Собрание. Ако смеам да шпекулирам, во 2019 за аферата Рекет бев во директна колизија со ставовите на тогаш владејачката партија. Јас ви тврдам ако бев избран во Собрание, дури и со квалификувано мнозинство, ќе бев сменет истото попладне. На Македонија ѝ е потребна ваква независна институција која може да биде баланс, мора да постои една морална вертикала која дури и на оние кои го предложиле и го гласале ќе им каже „до тука“ – рече тој.

ДУИ неодамна предложи изборот на шефот на државата да се пресели во Собрание.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK