ноември 22, 2024

Едно лице почина, а шестмина се повредени во силната експлозија што се случи попладнево, околу 16 часот, во голем магацин во изградба во албанскиот град Љушња.

Според албанските медиуми меѓу повредените е и пратеникот на Социјалистичката партија Бујар Чела, но не се знае во кое својство тој бил на местото.

Според првите сознанија при работа врз објектот, кран го допрел високонапонскиот далековод и поради тоа дошло до експлозија, која била многу силна, и се слушала низ целиот град, наведуваат медиумите.

На местото на настанот се полициски сили, амбулантни и противпожарни возила.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK