ноември 22, 2024

Земјите од Западен Балкан мора брзо да ги завршат реформите, за да можат да ги искористат поволностите кои ги нуди планот за раст. Еврокомесарот Оливер Вархеји обраќајќи се на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана им порача на шесте земји од регионот дека планот кој ЕК го усвои во ноември лани ќе обезбеди двојно зголемување на економиите во следните 10 години.

И македонскиот премиер Џафери кој е дел од Самитот, порачал дека планот за раст и заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ.

Албанскиот премиер Еди Рама директно им се обрати на лидерите од регионот, да ја напуштат старата балканска политика, бидејќи сами одлучуваат дали заедно ќе се движиме кон ЕУ или се ризикува да се изгуби местото на европската маса.

На Самитот во Тирана, не беа присутни косовскиот премиер Албин Курти и црногорскиот претставник.

Планот кој го усвои ЕК во ноември а се однесува на следните три години предвидува секоја влада на шесте земји од Западен Балкан да добива одредена сума на пари на секои шест месеци, во зависност од тоа која земја колку реформи има направено. Со него се предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра за периодот 2024 – 2027 година. Од овие средства, две милијарди се неповратни грантови, а четири милијарди се концесиски заеми обезбедени од ЕУ.

<!– PA Ad Tag – infomax.mk_ros_300x250

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK