ноември 22, 2024

Во објавата на својот фејсбук-профил во која информира за собраните потписи, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, порача дека на државата ѝ е потребен храбар и искусен политичар кој знае како да го врати значењето на претседателската функција и додава оти првата цел му е влез во вториот круг од претседателските избори

Претседателскиот кандидат на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Стевчо Јакимовски, кој е актуелен претседател на овој политички субјект и градоначалник на Општина Карпош, вечерва во објава на социјалните мрежи соопшти дека ги собрал потребните 10 илјади потписи за формален влез во трката за шеф на државата.

Стевчо Јакимовски, претседателски кандидат на ГРОМ и актуелен градоначалник на Општина Карпош

Во објавата на својот фејсбук-профил во која информира за собраните потписи, Јакимовски порача дека на државата ѝ е потребен храбар и искусен политичар кој знае како да го врати значењето на претседателската функција и додава оти првата цел му е влез во вториот круг од претседателските избори.

„Потписите се собрани, битката допрва почнува. Кога не сум фаворит обично сум најсилен, а првата цел е влез во вториот круг. На Република Македонија ѝ треба храбар претседател, а не марионета. Македонија заслужува искусен политичар кој знае како да го врати значењето на функцијата Претседател на Македонија. Секој од нас заслужува подобро. Храбро до победа. Да живее Македонија“,

пишува Јакимовски во објавата на Фејсбук.

Јакимовски објави дека успеал да собере 10 372 граѓански потписи за својата претседателска кандидатура.

Ажурираниот број на собрани потписи до вечерва до 20 часот за сите кандидати, вклучувајќи го и кандидатот на ГРОМ, се очекува да биде објавен утре наутро од страна на Државната изборна комисија (ДИК).

Досега тројца од вкупно единаесеттемина кандидати кои собираат 10 илјади граѓански потписи успеаја да си обезбедат место во трката за шеф на државата. Прв тоа го стори кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, по него Арбен Таравари, кој е претседателски кандидат на опозициските партии на Албанците, а дека успеал да собере 10 илјади потписи последно објави кандидатот на Движењето За наша Македонија (ЗНАМ), Максим Димитриевски.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK