ноември 22, 2024

Вратите на МКЦ од денес со одлука на директорот Арбен Шаќири остануваат затворени за сите настани, пренеува телевизија Телма.

Како што објавува овој медиум, во МКЦ, повеќе нема да се организираат настани се до завршувањето на изборниот процес, или поточно нема да се реализираат во нормални услови или со нормален капацитет како во регуларна ситуација. Освен тоа, со одлука на директорот  Шаќири, прекинати се договорите на над 30 лица кои хонорарно биле ангажирани, некои и со повеќегодишни договори, пренесува Телма.

Одлуката како што пренесува Телма, е базирана врз писмо со препорака доставено до МКЦ од страна на Комисијата за спречувауње на корупција во која се вели дека во тек на изборниот процес не смее да се склучуваат договори со кои би се злоупотребиле буџетски средства. Во суштина, договорите кои се прекинати воопшто не се поврзани со користењето на буџетските средства, туку се однесуваат на соработници кои генерираат приход и истите соработници се исплаќаат од генерираниот сопствен приход.

Одлуката која ја донел директорот, како што стои во веста која ја пренесе Телма, е едострана и неоснована, уште повеќе штетна за институцијата која ако не работи во наредните неколку месеци, ќе се нанесе непоправлива штета на долг рок. МКЦ досега се соочил со мноштво изборни процеси во кои биле ангажирале лица согласно законските насоки. Дополнително, институцијата во 2023 е доведена во незавидна финансиска положба и без програмата која носи приход, е невозможно да се намалат милионските долгови продуцирани во толку краток период. 

Од денес, спред веста на Телма која е пренесена и од другите медиуми, во МКЦ повеќе нема да се ангажираат лица за предавања во Планетариумот, лица за реализација на програмските активности (технички лица и орагнизатори на настани), кафулето е целосно затворено, затворена е и Апотеката, додека киното Милениум ќе работи со преполовена дејност.

Арбен Шаќири беше назначен за директор на МКЦ во јануари 2024 година со одлука на Градоначалничката на Градот Скопје после неколку неуспешни обиди.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK