Едно лице загина, а две други се повредени во тешка сообраќајна несреќа, што се случи вечерва на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, потврди за МИА портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.
Според првичните информации, двете повредени лица во сообраќајната несреќа се хоспитализирани во Општата болница во Велес.
Несреќата се случила околу 18.20 часот, меѓу две возила „сузуки“ со светиниколски и „бмв“ со радовишки регистерски таблички.
Во тек е увидот на местото на несреќата од страна на истражните органи, а во моментов во прекин е и сообраќајот на овој експресен пат.
Следете не, не има насекаде