ноември 23, 2024

Од Бихаќка велат дека нивните политички ривали даваат лажни ветувања кои никогаш нема да ги остварат. Доволно е, посочуваат од СДСМ, да се погледне што случи во Скопје, алидирајќи на изборот на Данела Арсовска, која стана градоначалник на главниот град со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во 2021 година

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на партиска конвенција закажана за денеска во 18 часот треба да ја официјализира поддршката за кандидатурата на актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој одлучи да се бори за втор претседателски мандат

Откако на вчерашната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ беше официјализирана нејзината кандидатиура за претседател на државата, пратеничката и универзитетска професорка Гордана Силјановска-Давкова од денеска тргнува по поддршката од граѓаните преку собирање на 10 000 потписи, како што веќе и најави.  

Силјановска-Давкова со раководството на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната партиска конвенција на која беше потврдена нејзината кандидатура за претседател на државата / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

„Денес се собираат граѓански потписи за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова за претседател на Република Македонија. Кандидатурата на професорката Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи. Професорката Силјаноска-Давкова целата своја научна кариера ја има посветено на промоција и одбрана на демократијата како начин на уредување, и централната улога на граѓаните во неа, затоа и покрај тоа што таа има поддршка од 30 пратеници, поддршката од граѓаните е најзначајна“,

соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.  

Од партијата очекуваат дека потписите од граѓаните ќе бидат собрани за еден ден. Оттаму додаваат дека сите мерења на јавното мислење покажуваат двоја предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ на претстојните претседателски и парламентарни избори.  

По официјалниот избор на Силјановска-Давкова за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, од политичкиот опонент велат дека на претстојните претседателски и парламентарни избори граѓаните имаат шанса да го изберат правецот по кој ќе се движи државата. 

Со Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ, тој пат води кон изолација и стагнација.  

„Едниот е патот на интеграција во ЕУ, чиј предводник е СДСМ, а другиот пат што го предлага опозицијата е сосема спротивен, тоа е изолација, стагнација, враќање назад во едно мрачно време на национализам и поларизација. ДПМНЕ, со Силјановска нуди само враќање назад, во изолација, заглавени 11 години без било каков напредок, далеку од ЕУ“,

се вели во соопштението на СДСМ.  

Од Бихаќка велат дека нивните политички ривали даваат лажни ветувања кои никогаш нема да ги остварат. Доволно е, посочуваат од СДСМ, да се погледне што случи во Скопје, алидирајќи на изборот на Данела Арсовска, која стана градоначалник на главниот град со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во 2021 година.  

„ДПМНЕ не донесе никаква позитивна промена, не донесе никаква реформа, само катастрофа. Ист е примерот и со предлогот за претседателски кандидат на опозицијата во ликот на Давкова ДПМНЕ не може да донесе никакви позитивни промени затоа што единствената шанса за Македонија е членството во ЕУ – а тие се против тоа. Со ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години“,

велат од СДСМ.  

Седиштето на СДСМ / Фото: Архива

Инаку, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на партиска конвенција закажана за денеска во 18 часот треба да ја официјализира поддршката за кандидатурата на актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој одлучи да се бори за втор претседателски мандат.  

Претходно денеска СДСМ на чело со партискиот лидер Димитар Ковачевски ќе одржи Осмомартовски марш во Кавадарци во пресрет на Меѓународниот ден на жената.  

Пендаровски веќе во петокот ја достави до Државната изборна комисија иницијативата за собирање на граѓански потписи за претседателската кандидатура.  

Вчера промотивен митинг за својот кандидат за претседател на државата, Арбен Таравари во Гостивар одржа коалцијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците. Од собирот во градот чиј актуелен градоначалник е тој, Таравари порача дека ќе биде поинаков и претседател на сите граѓани, кој ќе се бори за слобода, еднаквост и хармонија во Северна Македонија. Говорејќи за својата изборна платформа, тој повтори оти ќе се залага претседателот на државата да се избира во Собранието, како и за отстранување на формулацијата „20 отсто“ од Уставот што ја дефинира употребата на албанскиот јазик.     

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK