Леброн Џејмс стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој постигнал 40.000 поени, не сметајќи ги плејофот. До јубилејниот кош стигна во втората четвртина од мечот меѓу ЛА Лејкерс и Денвер Нагетс, но бранителот на титулата ја расипа славеничката атмосфера со 124:114.
На Џејмс му беа потребни девет поени на овој натпревар за да дојде до својот јубилеј, а до 40.000 стигна во втората минута од втората четвртина кога го мина Мајкл Портер Јуниор.
За разлика од минатогодишниот натпревар во кој тој стана најдобар стрелец на сите времиња, минувајќи го Карим Абдул-Џабар, овојпат играта не беше прекината за да се одбележи историскиот момент.
LeBron James scores the bucket to become the first player in league history to score 40,000 career points
DEN-LAL Live on ABC pic.twitter.com/I84Xd5hiWf
— NBA (@NBA) March 3, 2024
Иако Лејкерси имаа осум поени предност на полувремето, таа се стопи до крајот на третата четвртина, Нагетс го направија серија од 9-0 во последните минути.
Покрај Никола Јокиќ, кој постигна 35 поени со 10 скока и седум асистенции, најголема заслуга за победата има Портер, кој без ниту едно промашување стигна до 25 поени и 10 скока, шутирајќи 10/10 од поле, вклучително и 5/5 за три поени.. Џамал Мареј додаде 24 поени и 11 асистенции.
Тоа е шеста последователна победа за Нагетс по Ол-стар паузата и осма последователна победа над Лејкерси, вклучувајќи го и ланскиот плеј-оф, во кој ги победија со 4:0 во финалето на Западот.
Џејмс заврши со 26 поени и девет асистенции, Ентони Дејвис остана на 17 и 11 скока.
Со оваа победа Денвер остана трет на Западот, со скор 42-19 е веднаш зад Минесота (42-18) и Оклахома Сити (41-18), додека Лејкерси останаа десетти со 33-29. Иако не им се заканува опасност да ја загубат последната позиција која води во плеј-ин, тешко ќе одат директно во плеј-офот.